ЕУ ќе и’ помогне на Украина со 15 милијарди долари

Вкупната сума на макрофинансиска помош за Украина ќе достигне 15 милијарди долари, тврди украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.

Тој на денешната прес конференција прецизирал дека во четвртокот е постигнат договор за помош по преговорите со Советот на Европската унија во Брисел.

Според зборовите на Јаценјук, во најскоро време Украина ќе доби макорфинансиска помош од две милијарди евра, со што ќе се овозможи во земјата да се спроведат реформи и да се стабилизира економската ситуација.

Украинскиот премиер додал дека посебна точка од пакетот финансиска помош ќе биде „значајни инвестиции во украинската економија“.