ЕУ ќе назначи европски координатор за борба против ебола

ЕУ се ангажира да ги зголеми напорите вo борбата против ебола во африканските земји зафатени од епидемијата, даде нови ветувања за помош и предложи гаранции за санитарна евакуација на заразени хуманитарни работници.

– Неопходни се единствени, усогласени и зголемени напори за запирање на епидемијата и укажување неопходна и соодветна помош на засегнатите земји, изјавија шефовите на дипломатиите на ЕУ по средбата во Луксембург.

ЕУ се ангажира да оддели најмалку 500 милиони евра за помош на Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Засега ветената помош е во износ од околу 480 милиони евра, од кои 180 се одделуваат од ЕК, а 300 милиони – од земјите членки.

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика европските партнери да ја зголемат сумата на најмалку една милијарда евра.

Болеста, која според податоци на СЗО однесе над 4.500 жртви, продолжува да се шири. Меѓу заразените со ебола има над 420 здравствени работници.

До крајот на седмицата ЕУ ќе назначи европски координатор за борба против ебола, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус.

– Министрите на ЕУ „едногласно сметат дека е добра идеја да има европски координатор за борба против ебола, рече Фабиус и истакна дека конкретното лице ќе биде избрано во наредните денови.