Свет

ЕУ ќе преговара со Русија за испораката на гас

ЕУ ќе преговара со Русија за испораката на гас

Европската унија прифати да отвори преговори со Москва за безбедноста на снабдувањето со гас, одговорајќи на тој начин на заканите на рускиот претседател Владимир Путин дека испораките би можеле да бидат сопрени поради големиот долг на Украина, пишува Дојче Веле.

Путин минатата недела упати писмо до група од 18 европски лидери, од кои 13 од земјите-членки на ЕУ, во кое наведе дека Русија би можела да ја прекине испораката на гас кон Украина поради нејзиниот заостанат долг.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, посочил дека европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер е подготвен веднаш да се состане со своите руски и украински колеги и да разговара за сите прашања поврзани со испораката на гас кон Европа, објавува „Дојче Веле“.