ЕУ ќе прифати 60.000 мигранти

Европската унија ќе прифати 60 илјади мигранти, било одлучено на денешниот самит во Луксембург.

За еден прифатен мигрант, земјата ќе добива 6.000 евра надоместок.

На 20 јули ќе се утврди планот за тоа во кои земји ќе одат мигрантите, како ќе се одбираат и колку време ќе трае нивниот престој.

Целта е да се преземат 16 илјади мигранти од Грција и 24 илјади од Италија, рече министерот за надворешни и европски прашања на Луксембург, Жан Аселборн.