ЕУ ќе разгледа мерки за борба со трговијата со мигранти

Лидерите во Европската унија ќе разгледаат денеска мерки за борба со шверцерите на луѓе во Либија по смртта на стотици имигранти во Средоземното Море, пренесува МИА.

Неопходни се системски напори за да се идентификуваат, запленат и уништат бродовите пред да бидат користени за трговија со луѓе, се вели во нацрт декларација на вонредната средба на врвот.

Планот предвидува удвојување – од три на шест милиони евра на месечниот буџет на граничната служба на Еу – Фронтекс, за спасувачките мисии Тритон во водите на Италија и Посејдон, во водите на Грција.

Ќе биде разгледан и предлогот државите членки да прифатат по најмалку 5.000 луѓе кои добиле азил и да се покаже солидарност со најпогодените држави од бегалскиот бран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.