Свет

ЕУ и Куба потпишаа Договор за политички дијалог и соработка

ЕУ и Куба потпишаа Договор за политички дијалог и соработка

На церемонијата на потпишување во Брисел Договорот беше потпишан од високата претставничка за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини и шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез Париља.

– жжПрвиот Договор меѓу ЕУ и Куба во историјата… предвидува засилен дијалог, подобра билатерална соработка и заеднички акции за билатерални прашања, соопшти претходно Советот на ЕУ.

Могерини наведе дека со Договорот ЕУ е подготвена да ја поддржи економската и социјална модернизација во Куба.

Преговорите за Договор за политички дијалог и соработка се одвиваа во седум кругови – од април 2014 до март 2016 година, Документот треба да биде одобрен од Европарламентот.

Досега Куба беше единствената јужноамериканска држава без договор за меѓународна соработка со ЕУ.