ЕУ на 7 октомври почнува операција против трговци со мигранти

Европската унија на 7 октомври започнува операција за борба против илегалниот шверц на луѓе во Средоземно Море, соопшти денеска Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пренесува ТАСС.

Втората фаза на европската операција за борба против трафикантите со мигранти ќе започне на 7 октомври. Политичкото решение е донесено, подготвени се и средствата за нејзино остварување – истакна Могерини.

Одлуката за формирање посебна воена поморска мисија за контрола на миграцијата беше донесена на европско ниво.

Првата фаза на операцијата, започната на 22 јуни, се сведува на собирање информации. Втората фаза предвидува задржување и проверка на сомнителни пловни објекти, за кои се претпоставува дека вршат илегален транспорт на мигранти до Европа.