Свет

Одговор на Брисел на заканите на Трамп ЕУ најави брза реакција доколку САД ја ограничат трговијата

ЕУ најави брза реакција доколку САД ја ограничат трговијата

Европската унија е подготвена брзо да реагира доколку САД го ограничат увозот од нејзините земји членки, објави во понеделникот Европската комисија откако американскиот претседател Доналт Трамп се закани дека ќе ѝ одговори на ЕУ нејзината, како што оценувам, „силно неправедна“ трговска политика.

Во разговорот за британската телевизија ITV во неделата, американскиот претседател изјави дека „има многу проблеми со Европската унија и оти тоа би можело да се претвори во нешто многу големо од аспект на трговијата“, „Нашите производи не можат да одат… тие своите ни ги испраќаат нам, без даноци, со многу малку данок… Европската унија е многу многу неправедна кон САД. И мислам дека тоа ќе биде на нивна штета“, рече Трамп.

Портпаролот на Европската комисија на прес-конференцијата во понеделникот рече дека трговијата меѓу ЕУ и САД треба да биде во полза за двете страни.

„Тука не станува збор за победници и губитници. Ние во Европската унија веруваме дека трговијата може и треба да биде добивка за двете страни“, изјави портпаролот Маргаритис Шинас.

„Веруваме дека трговијата, освен што треба да биде отворена и чесна, исто така, треба да биде втемелена на правилата. Европската унија е подготвена брзо и на соодветен начин да реагира во случај нашиот извоз да биде погоден од рестриктивните трговски мерки на САД“, додаде Шинас.

Американскиот претседател претходно побара построго спроведување на трговските правила и минатата седмица го потпиша законот за воведува на 30-процентниот царина на увозните соларни панели, и 20 отсто за машините за перење.

Кина и Јужна Кореја ги осудија овие царини, а Сеул најави жалба пред Светската трговска организација (СТО – WTO). Европската комисија соопшти дека жали поради одлуката на САД, дека верува оти таа одлука не е во согласноста со правилата на СТО, како и дека ќе го анализира нејзиното влијание врз извозот на Европската унија.