ЕУ најбезбедно место за воздухопловство во светот

ЕУ е најбезбедното место за воздухопловство во светот, изјави денеска на прес-конференција еврокомесарот за транспорт Виолета Булц.

Настаните во Брисел се исклучителна трагедија и налагаат посериозен пристап на безбедноста во таа област.

Многу сме загрижени од она што се случи, додаде таа.

Еврокомесарот рече дека денеска во Амстердам има средба на групата за безбедност во цивилното воздухопловство. Ќе бидат издадени препораки, во април ќе го разгледаме прашањето со министрите за транспорт на ЕУ.

– Има два елемента – да имаме што е можно поголема безбедност, но со сразмерни мерки, според оценката на заканите, рече еврокомесарот Булц.