ЕУ не инсистира на предвремени избори во Украина

ЕУ инсистира на спроведување но не на предвремени, туку на фер и слободни избори. Тоа го изјави портпаролот на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, пренесе УНИАН .

„Она за што инсистираме, е потребата од политичко решение. Дискутираме за прашањето за изборите. Тие треба да бидат слободни и фер. Кога ќе бидат спроведени сепак за тоа треба да одлучат самите Украинците“, изјави портпаролот Маја Косјанчич .

Од своја страна, украинската опозиција продолжува да инсистира на предвремени претседателски избори.