ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика во понделникот Европската унија да го следи примерот на САД и да го признае Ерусалим како главен град на Држава Израел, меѓутоа министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ многу лесно го одбија.

По доаѓањето на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во Брисел, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека потегот на американскиот претседател Доналд Трамп да го ефектуира законот со кој Ерусалим се признава за престолнина на Израел, овозможнува мир на Блискиот исток „бидејќи признавањето на реалноста е суштина и темел на мирот“.

Меѓутоа, дури и најблиските израелски сојузници во ЕУ, како што е Чешка чијшто претседател Милош Земан во саботата двоумењето на Брисел околу ова прашање го нарече „лицемерство“, предупредуваат дека одлуката на Вашингтон е лоша за мировните напори. Додека, пак, Франција, во којашто живее инаку најголемата еврејска заедница во Европа, инсистира дека статусот на Ерусалим може да биде решен само во рамките на конечниот договор меѓу Израелците и Палестинците.

На прашањето на новинарите во врка со одлуката за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, чешкиот министер за надворешни работи, Љубомир Заоралек, изјви „Се пашам дека тоа не може да ни помогне“.

Разлутен поради ваквите изјави, како и поради тоа што ЕУ вложува напори за подобрување на економските односи со израелскиот непријател во регионот – Иран, Нетанјаху рече дека Унијата би требало да го следи примерот на Трамп.

„Време е Палестинците да ја признаат еврејската држава и фактот дека таа има главен град. Тој се вика Ерусалим. Верувам дека тоа ќе се случи во иднина, иако се’ уште немаме постигнато договор. Верувам дека сите, или мнозинството европски земји, ќе ги преселат своите амбасади во Ерусалим, ќе го признаат Ерусалим како главен град на Израел и активно ќе соработуваат со нас во насока на безбедноста, просперитетот и мирот“, рече Нетанјаху.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се на ставот дека областите коишто Израел ги зазема во ткн Шестдневна војна во 1967 година се окупирани подрачја, вклучително и Западниот брег (на реката Јордан), источен Ерусалим и Голанската висорамнина, и не се дел од меѓународно признатите граници на Израел.

„Убеден сум дека не е можно да се ублажат тензиите со еднострани решенија. Зборуваме за израелската држава, но исто време мораме да зборуваме и за палестинска држава“, рече Заоралек по пристигнувањето на работниот појадок со израелскиот премиер.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ледријан, го повика Вашингтон конечно да го изнесе најавуваниот мировен план за Блискиот исток, или ЕУ ќе мора да ја преземе иницијативата.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, изјави дека Унијата и натаму ќе го подржува „меѓународниот конзенсус“ за Ерусалим. Повтори дека Унијата е доследна на решението со две држави, како и дека е во интерес на Израел да пронајде одржливо решение на судирот со Палестинците.

ЕУ ќе ги зајакне своите мировни напори и следниот месец ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас, додаде Могерини. Ги осуди, исто така, и нападите врз Израел и Евреите во светот и во земјите на ЕУ на протестите поради американската одлука, откако пред да замине во посетата на Париз и Брисел, Нетанјаху жестоко ја критикуваше Унијата дека ги премолчува ракетирањето на Израел и нападите врз Евреите.