ЕУ нема да испрати претставник во Приштина

Европската унија нема да испрати висок претставник во Приштина за да разговара со тамошните политички лидери за формирање нова косовска влада, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Таа за Танјуг порача дека ЕУ верува дека косовските политички лидери ќе може да формираат влада, врз основа на изборни резултати и во согласност со демократски процедури.