ЕУ со нови санкции против Северна Кореја

ЕУ со нови санкции против Северна Кореја
ЕУ со нови санкции против Северна Кореја

Европската унија воведе дополнителни казнени мерки против Северна Кореја поради неодамнешните нуклеарни и балистички проби, кои ги изврши земјата.

Унијата соопшти дека додава 16 лица и 12 компании од Северна Кореја на списокот на санкционирани, на кој има околу 60 поединци и групи против кои се воведени забрани за патувања и замрзнати се нивните имоти.

Пјонгјанг претходно ги отфрли санкциите од Советот за безбедност на ОН како „неоправдани, незаконски и неморални“ и се закани дека и понатаму ќе го зајакнува својот нуклеарен арсенал.

– Јакнењето на нашето нуклеарно оружје е легитимен начин за изразување на нашето право на самоодбрана, кој ќе продолжи се додека траењ непријателската американска политика, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун во четвртокот нареди нуклеарниот арсенал на неговата земја да биде подготвен, со цел да се употреби во било кој момент ако е тоа потребно.