Балкан

ЕУ нуди регионално поврзување, а не членство

ЕУ нуди регионално поврзување, а не членство

Приштински Koha Ditore го обезбедил нацртот на изјавата на Самитот во Софија, чиј текст беше договорен на состанокот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ.

Од овој нацрт се гледа дека од аспект на политичките обврски на ЕУ кон процесот на проширување се нуди дури и помалку од она што беше понуденото пред 15 години на Самитот во Солун.

Но од практичен аспект, има многу конкретни иницијативи за поврзување на балканските земји, кои доколку се имплементираат, ќе му помогнат на регионот барем да напредува кон растот на стандардите, а со тоа и еден вид приближување кон ЕУ барем во оваа насока.