ЕУ од денеска со нови санкции кон Русија

104

Новите санкции на ЕУ против Русија од денеска официјално стапија во сила. Казнените мерки насочени против руски нафтени компании претпријатија за вооружување и банки, се објавени во Службениот весник на ЕУ.

Новите санкции на ЕУ против Русија, покрај фирми од енергетската сфера, вооружувањето и банки, се однесуваат  и на 24 индивидуи – лидери на проруските сепаратисти и руски политичари. Меѓу нив се шефовите на сепаратистите Александер Сагарченко, Владимир Кононов и Мирослав Руденко. Ултранационалистичкиот пратеник во Думата Владимир Жириновски е еден од познатите политичари во Москва кои веќе не смеат да влезат во ЕУ и чии банкарски сметски во Унијата се замрзнати.

Со акциите на трите големи енергетски претпријатија Роснефт, Транснефт и Гаспром Нефт веќе не смее да се тргува на финансиските пазраи на ЕУ. Тоа важи и за три фирми за вооружување – ОПК Оборонпром, кој има најважен удел кај производителот на хеликоптери Russian Helicopters, потоа United Aircraft Corporation, која произведува борбени авиони и Уралвагонзавод, кој е водечки руски производител на тенкови.

На листата на претпријатија на кои не смеат да им се лиферуваат производи ни за цивилни, ниту за воени цели се и прозводителот на Калашњикови и Алмас-Антеј. Тие, меѓу другото, произведуваат БУК-ракетен систем со кој, како што се тврди, е соборен малезискиот авион МХ17.

Во текот на денов и САД треба да објават какви заострени санкции против Москва имаат намера да донесат. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека постапката ќе биде координирана со Брисел. САД најавија заострување на санкциите во финансиската, енергетската и одбранбената сфера.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.