ЕУ: Одговорноста за изборните резултати ја сносат политичките лидери

Европската Комисија стандардно воздржана за изборниот процес во Р.Македонија до изготвувањето на конечниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ. Неформалната Влада на Европската Унија одговорноста за изборниот резултат ја лоцира кај сите лидери на политичките партии.

,, Ние ја следиме одблиску ситуацијата, целосно сме запознати со изјавата на лидерот на најголемата опозициона партија СДСМ Заев, кој изрази длабоко разочарување  на изборниот процес и неговата одлука да не ги признае изборите. Оваа ситуација е многу несреќна за земјата и сите политички лидери морат да бидат целосно свесни за одговорноста,, изјави Портпаролот  од комесаријатот за проширување на ЕУ Петар  Стано и дополни дека Европската Комисија  своите заклучоци ќе ги истакне по објавувањето на извештајот на ОДИХр , а дури потоа, председателот на ЕК Жозе Мануел Баросо ќе упати честитки на победниците.

Инаку и на  втор круг председателски избори ,   дијаспората  од Европа ја потврди убедливата победа на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

На предвремените парламентарни избори македонските државјани  довербата за формирање на новата влада во изборната единица 7 за Европа и Африка повторно му ја дадоа на премиерот Никола Груевски. Од 8616 за ВМРО ДПМНЕ гласаа 4512, за СДСМ 521, за ДПА 104 додека за ДУИ 2822.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.