ЕУ одобри продолжување на граничните контроли во Шенген зоната

Земјите членки на ЕУ одобрија шестмесечно продолжување на зајакнатите гранични контроли во Шенген зоната, кои се воведени на некои премини поради мигрантската криза.

Европскиот совет, во кој се наоѓаат сите 28 земји членки на ЕУ, минатата недела ја доби поддршката на Европската комисија за ваквиот потег.

Комисијата го доби барањето за продолжување од Германија, Австрија, Данска, Шведска и Норвешка, која не е членка на Унијата, но е дел од Шенген зоната.

Правилата на ЕУ покажуваат дека нејзините членки во „определени околности можат да воведат гранични контроли во траење до две години, во термини до шест месеци одеднаш“.