ФОТО: ЕУ остана без дрога – уапсена бандата предводена од Македонци

Повеќе од 400 лица биле уапсени во голема меѓународна акција на Интерпол за сузбивање на организирана криминална група која се занимавала со трговија на дрога. Наркодилерите шверцувале хероин од Македонија во Австрија и во Германија, но и во други земји од Европската унија.

Првичните информации на Интерпол велат дека биле шверцувани големи количества на дрога. Кај дел од 400-те уапсени биле запленети околу 100 килограми хероин, кокаин, канабис, но и готовина.

Истражните органи утврдиле дека осомничените регрутирале свои членови најмногу во Македонија, кои пак потоа шверцувале дрога во земјите од ЕУ преку т.н. „Балканса рута“. Полициската акција за сузбивање на оваа нарко банда почнала уште во 2010 година.

droga1

Полициските извештаи велат дека се приведени сите главни лица и шефови на наркодилерите и тоа на локации во Австрија, во Германија, во Холандија и во Македонија. Поточно биле уништени нивните нарко упоришта во Виена, Франкфурт и во Ротердам.

Воедно во текот на акцијата биле запленети околу четири тони дрога, за кои се претпоставува дека и’ припаѓа токму на оваа криминална група.