ЕУ останува на ставот: Безвизен режим за Турција кога ќе ги исполни условите

Европската унија е се поблиску до одлуката за визна либерализација на Турција, но разговорите за тоа прашање ќе се одложат барем до декември, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во интервју за германскиот весник „Билд“.

На новинарско прашање за тоа кога Турците ќе добијат визна либерализација, Туск рече:

Кога ќе ги исполнат сите критериуми без исклучоци.

Преговорите, како што додаде, сигурно ќе траат до октомври, но има се поголемо приближување на ставовите, пренесува „Ројтерс“.

Договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на мигрантската криза меѓу останатото предвидува Анкара да исполни 72 услови за визната либерализација и да ја ограничи нејзината дефиниција за терор што Турците категорично одбиваат да го сторат.