ЕУ планира да гради пловни мигрантски центри во Средоземното Море

Брисел планира да гради пловни мигрантски центри во Средозменото Море, покажуваат протечените документи, а пренесува „Дејли Експрес“.

„Пловните жешки точки“ би требало да имаат доволно место за 1.000 мигранти.

Тие ќе бидат процесирани на море на големите бродови стационирани во близина на брегот на Либија, а со ова ЕУ се надева дека ќе воспостави контрола врз кризата во пресрет на новата летна сезона. Исто така, на овие бродови нема да има можност за бегство.

Пловните објекти ќе бидат поставени во близина на брегот на Северна Африка, и истите ќе се користат ка Центри за Регистрација, но и за операции за потрага и спасување на бродовите што патуваат кон Европа.

На овој начин, мигрантите ќе бидат идентификувани, регистрирани и ќе им бидат земени отпечатоци од прсти пред да бидат спроведени во Италија. На овој начин нивниот влез во ЕУ точно ќе биде во Италија, со што точно ќе се знае земјата каде треба подоцна да бидат вратени доколку подоцна бидат откриени во некоја друга европска земја.

Во моментов голем број мигранти пристигнуваат во Италија и ги избегнуваат центрите за регистрација, а на тој начин успеваат да навлезат подлабоко на континентот без никаква идентификација.

Плановите за пловните Центри биле вклучени во протечена белешка каде исто така стоело предупредувањето дека Средоземното Море повторно ќе биде популарна рута за мигрантите летово – особено за мигрантите што доаѓаат од Северна Африка.