Македонија

ЕУ побара од Албанија компромис и конструктивен дијалог

ЕУ побара од Албанија компромис и конструктивен дијалог

Компромис и конструктивен дијалог е пораката на ЕУ до Албанија, изјави во Брисел претставник на Европската комисија, пренесе МИА.

– Очигледно е дека секое дејствие на Албанија во моментот ја формира претставата за неа во странство, рече претставникот на Комисијата, додавајќи дека ЕУ одблизу ја следи земјата од јуни досега и очекува ист одговорен однос во врска со преземените обврски и дадените ветувања.

Албанија се наоѓа во режим на присоединување кон ЕУ од јуни, но напнатоста во Парламентот меѓу Владата на премиерот Еди Рама и опозицијата ја попречува работата на европските институции, кои требаше да решат дали земјата ги исполнува условите, за да може консултациите со неа да преминат на друга етапа.

Обновувањето на политичкиот дијалог и независноста на судството се главни критериуми за присоединување на Албанија кон ЕУ, рече претставник на Комисијата.

Тој појасни дека не се очекува никаква промена во условите за членство на Албанија од страна на новата ЕК, која ја презема функцијата од 1 ноември под претседателство на Жан-Клод Јункер.