ЕУ поддршка за алтернативни услуги за детска грижа

Евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорите на Шведска и Унгарија, Матс Стафансон и Јозеф Бенце, како и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусеин денеска ќе присуствуваат на промоцијата на ЕУ поддршката за алтернативни услуги за детска грижа.

Промоцијата е во рамки на ЕУ твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефикасно спроведување на регулативата во областа на слободата на движење на работниците“.

Целта е информирање за прашањата поврзани со кооординацијата на социјалното осигурување и слободното движење на работниците во врска со ЕУ пристапувањето.