ЕУ поделена во однос на Турција

брисел

Во Турција отстранети, отпуштени или се приведени најмалку 110.000 луѓе меѓу кои војници, судии, учители, по неуспешниот обид за воен удар. Критичарите го обвинуваа претседателот Реџеп Таип Ердоган дека го користи пучот за пресметка со опозицијата.

– Јас сум против продолжување на преговорите за членство и верувам дека нема место за таква Турција во ЕУ, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по пристигнувањето во Брисел.

Британскиот министер за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон предупреди да не се реагира прекумерно на настаните во Турција, голема, стратешки важна и муслиманска земја на југоисточното крило на ЕУ.

Претходно, високата претствничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини изјави дека министрите на Унијата се стремат да постигнат заеднички став за настаните во Турција.