ЕУ појадок по повод Денот на Европа

По повод 9 Мај, Денот на Европа, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска организира ЕУ појадок на кој се поканети амбасадорите на земјите-членки на Европска унија во Република Македонија.

На ЕУ појадокот што секоја година, традиционално, го организира Секретаријатот за европски прашања, се поканети и поранешните вицепремиери за европски прашања.