ЕУ покрена постапка против Полска поради повреда на законот на Унијата

Европската комисија (ЕК) во саботата официјално ја покрена постапката против Полска поради контроверзните правосудни реформи кои Брисел ги оценува како обид за поткопување на независноста на судиите, и на владата во Варшава ѝ даде еден месец да даде отчет, пренесуваат агенциите.

Спорниот закон му дава на министерството за правда да поставува и отпушта претседатели на пониските судии, што предизвикува загриженост во телата на Европската унија, во поглед на независноста на судството и владеењето на законот и правото. Брисел, исто така, забележува на законот и тоа што воведува различна возраст за пензионирање на женските и машките судии, со што се кршат европските антидискриминаторските закони.

Европската комисија, исто така, испрати низа препораки за Полска, изразувајќи загриженост дека останатите предвидени реформи би можеле дополнително да го загрозуваат владеењето на правото во земјата.

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша во вторникот два од четирите законски предлози коишто ги изгласаа двата дома на парламентот во кој мнозинство има конзервативната партија Право и справедливост (PiS). Дуда ја послуша опозицијата која протестира од понеделникот и ги сопре Законот за Врховниот суд и Законот за државниот Судски совет, што претставуваше изненадување во PiS чиј близок соработник беше Дуда и благодарејќи на чијашто поддршка победи на претседателски избори пред три години.

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, претходно предупреди дека ЕУ, доколку Полска одлучи да оди натаму со реформите кои на парламент би му овозможил да ги менува судиите во Врховниот суд, ќе ги покрене мерките од членот 7 од Европскиот договор коишто би можеле да доведат до одземање на правото на глас за Полска во ЕУ.

Партијата PiS донесувањето на законот го оправдува со неопходноста да биде рационализиран правосудниот систем да се задуши корупцијата на судиската, како што ја нарекува „каста“. Критики на предложените реформи изразија Европската унија, американскиот Стејт департменот, како и други влијателни од меѓународната заедница.