четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 52

ЕУ порача: Турците треба да работат како Германци

маја

Последни вести

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ попладнево на прес-конференција во Брисел потврди дека по само една година службување денеска Хансјорг Хабер поднел оставка на своето место амбасадор и шеф на делегацијата на Европската унија во Турција.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Коцијанчиќ потврди дека на 1. aвгуст оваа година ќе престане мандатот на Харберг и дека Унијата веќе е во процедура да именува негов наследник
– Потврдувам дека амбасадарот Харпер, кој се наоѓа на чело на ЕУ-делегацијата во Анкара поднесе оставка и заминува на 1. август и во моментов правиме потребни чекори за да именуваме нов шеф на делегацијата во Турција. Тоа е се што можам да кажам во моментов, истакна Коцијанчиќ.
Гласноговорничката на Еврокомисијата одби да потврди дека оставката на амбасадорот Харберг доаѓа по бурата од незадоволство што се јави во Турција откако ЕУ-амбасадорот во Анкара неодамна изјави дека „Турците треба да работат како Германци“.
Маја Коцијанчиќ само уште еднаш потврди дека Харберг поднел оставка и дека именувањето на негов наследник ќе се случи наскоро.
– Точно е дека неодамна тој доби демарш во турското Министерство за надворешни работи, каде ги објасни своите и позициите на Европската унија. Работата оттогаш продолжи, продолжува и сега и ќе продолжи и во иднина. Турција е клучен партнер и кандидатска земја за членство во ЕУ, контакти со нив се одвиваат на сите нивоа, посочи Коцијанчиќ.
Како што е познато, од пред неколку месеци постои договор меѓу ЕУ и Турција за мигрантската криза според кој Турците се обврзаа да не пропуштаат повеќе бегалци, а дел од нив да ги примаат назад, за сметка на што официјален Брисел е многу претпазлив со оваа земја-кандидат за членство, а и се обврза да воведе безвизен режим за турските граѓани да можат слободно да патуваат во ЕУ-земјите, како и да и помогне на Турција со неповратна помош од шест милијарди евра.

Најчитани вести