ЕУ потврди дека во петок во Виена ќе има лидерска средба

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако претходно само потврди дека „Хан е заинтересиран за итна средба“, Маја Коцијанчиќ, портпаролката на еврокомесарот Хан, сега потврди нова лидерска средба в петок со посредство на Еворпската унија во главниот град на Австрија.
           
– Делегацијата на ЕУ во Скопје испрати писмо-покана во име на тројцата европратеници за средба на комесарот Хан со политичките лидери на земјата, што ќе се одржи во Виена во петокот на 22 април. Целта на состанокот ќе биде да се разговара за начините за решавање на кризата и да се осигура дека лидерите ќе продолжат со спроведување на договорот Пржино и со реформските приоритети, исткана Коцијанчиќ за МИА.
Исто така, гласноговорничката на Европската унија потврди дека поради последното влошување на настаните во Република Македонија, „комесарот Хан е подготвен да се види со лидерите во краток рок“ и дека „тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатлантскиот пат“.