ЕУ повика на транспарентно расчистување на корупциската афера во Турција

Европскиот комесар за проширување Штефан Фуле денеска ја повика Турција да се однесува на „транспарентен и непристапен“ начин при расчистување на големиот корупциски скандал во земјата, јавува АФП.

„Ја повикувам Турција, како земја кандидат за членство во ЕУ да се ангажира внимавајќи на политичките критериуми за присоединување и да ги преземе сите неопходни мерки за да може на крајот осомничените за корупцијата да бидат истражени без дискриминација и фаворизирање, а на транспарентен и непристрасен начин“, изјави Фуле во соопштението по повод случувањата во Турција.