ЕУ повторно ја предупреди Русија за Украина

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска повторно ја повикаа Русија да придонесе за намалување на тензиите во Украина, бидејќи во спротивно Москва ќе биде изложена на нови европски санкции.

„И покрај најавите на Москва за повлекување на руските војници распоредени на границата со Украина, ние не констатиравме фактичко намалување на тензиите од страна на Русија“ – посочи британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг по средбата со неговите колеги во Атина.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, пак, изјави дека е сосема јасно дека ЕУ очекува повеќе сигнали од Русија, кои ќе ја уверат дека тензијата се намалува.

„Русија треба да покаже дека сериозно се обидува да ги намали тензиите – изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон“.