ЕУ го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Европската унија преку Европската комисија, денеска го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието, јавува МИА.

Како што пренесува МИА, официјален Брисел, покрај тоа што го поздравил враќањето на опозицијата во Собранието, исто така, испратил порака дека многу одблиску го следи развојот на настаните и очекува прогрес во однос на изборот на Специјалниот обвинител, чиј краен рок е за две недели.

ЕУ го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието
ЕУ го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Ние го поздравуваме фактот дека опозиција сега е вратена во парламентот. Знаете дека ова е дел од договорот посредуван од Европската унија, што беше постигнат во јуни и јули оваа година. Многу е важно овој договор да се исплементира и ние сега очекуваме парламентот да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја, порача портпаролката на Еврокомиијата, Маја Коцијанчич.

Брисел очекува прогрес за прашањето за специјалниот јавен обвинител

Брисел очекува прогрес за прашањето за специјалниот јавен обвинител
Брисел очекува прогрес за прашањето за специјалниот јавен обвинител

Коцијанчич говореше и за проблемите при изборот на Специјалниот обвинител и можноста да се пробие крајниот рок, а тоа е 15 септември. Гласноговорничката на еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, за ова прашање даде дециден одговор дека Брисел очекува прогрес на ова поле.

За прашањето за Специјалниот обвинител, работата на ова се уште се одвива и ние очекуваме партиите да ги задржат и имплементираат сите обврски. Еврокомисијата и посебно комесарот Хан го следат ова многу одблиску и ние очекуваме прогрес исто така и на ова поле, истакна Коцијанчич.

Несмее да има пробивање на роковите

ЕУ: Несмее да има пробивање на роковите
ЕУ: Несмее да има пробивање на роковите

Претходно од неформалната влада на Европската унија порачаа дека роковите за избор на Специјален обвинител, како и на министри во македонската Влада што ќе ги предложи опозициската СДСМ, заклучно со одржувањето на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година, се јасни и прецизни.

Нагласија и дека овие рокови не смее да се пробиваат од ниту една од четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА), чии лидери го потпишаа договорот на 2 јуни и 15 јули, со кој беше ставен крај на политичката криза во Македонија.

 

Инаку денес, по 15 месеци бојкот опозицијата се врати во Собранието, повеќе за ова на следниот линк.