ЕУ предлага итна средба во Женева за Украина

ЕУ предложи  одржување на втора министерска средба во Женева посветена на Украина што е можно побрзо.

Советот дава целосна поддршка за што е можно побрзо одржување на нова женевска средба со цел да се постигне целосно спроведување на заедничката декларација од средбата во Женева на 17 април.

Министрите на ЕУ ги повика сите страни да ги исполнат постигнатите договори, а исто така Русија да ја повлече својата војска од границите со Украина.

Претходно, постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов истакна дека Русија „не гледа смисла во организирањето на таква средба без претставници на украинските региони“.