петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

ЕУ ќе го разгледува предлогот за јакнење на агенцијата за контрола на границите

Шефовите на дипломатии на државите од Европската унија ќе разгледаат денеска во Брисел предлог за постојани гранични сили кои би имале овластување да интервенираат во случај да проценат дека државите не успеваат ефикасно да ги заштитат надворешните граници, пренесува МИА.

fronteks

Поврзани вести

Според предлогот, на Фронтекс би им биле ставени на располагање 2.000 граничари кои би биле веднаш распоредени доколку за тимот постои потреба.

Комесарот за миграции Димитрис Аврамопулос изјави дека е неопходно да се изнајде решение на европско ниво бидејќи властите во одделни држави се затекнати од големиот број баратели на азил и други мигранти кои доаѓаат во ЕУ.

Судири на грчко-македонската граница

Судири на грчко-македонската граница

Фронтекс има ограничени овластувања и моментно не може сама да вработува персонал или распоредува ресурси.

Според предлогот, агенцијата би имала нови задачи и овластувања меѓу кои и анализа на ризик и може да го зголеми бројот на персоналот и набавува опрема.

Според дипломат, Фронтекс веднаш би интервенирала во кризни ситуации на иницијатива на ЕК без посебно барање од држава членка туку со процедура што треба да биде објавена.

Најчитани вести