EU Reporter и EU Today: Лидерот на македонската опозиција фатен во лага

Во нивните текстови тие додаваат дека Заев, тврдел дека остварил средби и со израелската тајна служба, Мосад каде разговарале за скандалот со прислушуваните материјали.

Но, понижувањето на сметка на Заев, се случи откако израелската Влада ја негираше изјавата на Заев по однос на средбите и упати прекор. Заменик претседателот на израелската Влада, Шалом изјави дека се сретнал со Заев, но тоа била кратка, пријателска средба како што е нормално за две пријателски држави. Додаде дека разговарале за општи прашања, посебно за подобрување на односите меѓу двете земји, но јасно подвлече дека не разговарале за било какви безбедносни или финансиски прашања. Израелската влада направи и еден невообичаен чекор, категорично негираше дека се случил состанок со Мосад, или дека таква средба била планирана. Категорично подвлече дека немало никакви разговори за прислушувани материјали. Откритието дека она што го збори Заев е сосема контрадикторно на она што го објави израелската Влада, го поткопа неговиот кредибилитет и предизвика бурни реакции во македонската јавност. Критиките се насочени кон неговото однесување кое е штетно не само за билатералните односи со  Израел туку и за меѓународниот углед на Македонија, пишуваат бриселските медиуми.

zaev-eu-today

Понатаму, во извештаите се додава дека македонската Влада и опозицијата во моментов се мачат да изнајдат заеднички јазик за да го имплементираат договореното од договорот кој беше постигнат помеѓу политичките партии на 15 јули.

Заев е обвинет и за постојано менување на барањата. Недостигот на кредибилитет се заканува дека ќе ги поткопа преговорите за македонското членство во ЕУ, кој ќе има катастрофални последици за земјата и нејзината иднина.  Во меѓувреме Заев се уште се нема јавно извинето за неговото неприфатливо однесување. Македонија се подготвува за парламентарни избори кои треба да се одржат на пролет, а јавноста има право да бара поголема искреност и заслужува транспарентност, не како во случајот на Зоран Заев, пишуваат бриселските медиуми.