ЕУ: Само со примена на договорот ќе се олабават санкциите кон Русија

Шефовите на дипломатиите на Европската унија кои заседаваат во Луксембург заземаа единствен став дека до попуштање или укинување на санкциите кон Русија може да се дојде ако се примени мировниот договор меѓу Киев и Москва за престанок на вооружените судири на истокот на Украина и да ги прифатат украинските закони за избори во таа земја.

Тоа е заклучок од заседанието на шефовите на дипломатиите на ЕУ кои оценија дека е „рано да се укинат санкциите кон Русија, но и било какво заострување на санкциите може да ја влоши украинската криза“ изјавија министрите за надворешни работи на Шпанија и Италија, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо и Федерикја Могерини