ЕУ се грижи за украинските закони

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, изразила загриженост поради новите закони во Украина со кои драстично се намалува слободата на собирање и политички протести.

„Законите со кои што се ограничуваат основните права на Украинците се донесе на брзина и без почитување на редовните парламентарни процедури“, предупредила Ештон.

Високата претставничка укажала дека новиот сет закони освен правата на собирање ја загрозува и слободата на печат и е во спротивност со меѓународните обврски кои што Украина претходно ги прифати.