ЕУ штеди на струја: И модемите ќе спијат!

Во ЕУ од Нова Година стапи на сила ново правило кое пропишува мрежните уреди, како што се модемите и телевизорите поврзани на интернет сами да се исклучат кога не се во употреба.

Како што пренесуваат агенциите, голем број уреди кои што се поврзани на интернет 24 часа седум дена во неделата додека нивните сопственици спијат, трошат од 25 до 100 вати струја.

Новите уреди кои ќе се најдат на пазарот, треба да бидат програмирани сами да се исклучат кога не се во употреба.

Според проценките на ЕК, ова правило за секое просечно домаќинство ќе значи заштеда од 41 евро.