Свет

ЕУ со една милијарда евра за борба против вирусот Ебола

ЕУ со една милијарда евра за борба против вирусот Ебола

Европската унија ќе има на располагање една милијарда евра за борба против растечкиот вирус на Ебола кој загрозува човечки животи, јавува МИА.

За ова денеска одлучија шефовите на државите и владите на земјите-членки на Унијата, на вториот ден од Самитот на Европскиот совет, каде, сепак, економската ситуација во Европа беше главна тема.

Во однос на ситуацијата со економијата и вработувањето, истата, според заклучоците на Самитот останува највисок приоритет. Последните макроекономски движења се наведува дека се разочарувачки поради нискиот раст на БДП и многу високото ниво на невработеност во поголем дел од Европа, како и исклучително ниската инфлација. Ова ја нагласува итноста за брза имплементација на мерки за зголемување на работните места, економски раст, конкурентност, во насока на зајакнување и заштита на граѓаните, како што е утврдено во стратешкиот план на Унијата во време на промени. Структурните реформи и стабилни јавни финансии се клучни услови за инвестирање, се наведува во заклучокот, па за таа цел, Европскиот совет ја повика Комисијата, Советот и земјите-членки, без одлагање да се преведат овие ориентации во конкретни политички мерки.

– Ниските инвестиции денеска го еродираат потенцијалот за раст во иднина. Европскиот совет ја поддржува намерата на дојдовната Еврокомисија да покрене иницијатива за мобилизирање на 300 милијарди евра дополнителни инвестиции од јавни и приватни извори во текот на периодот од 2015 до 2017 година. По тој повод е потребно охрабрување за целосна употреба на сите постоечки и распределени ресурси на ЕУ. Европскиот совет го поздрави формирањето на работна група, предводена од страна на Комисијата и Европската инвестициска банка, со цел да се идентификуваат конкретни акции за зголемување на инвестициите, вклучувајќи гасовод на потенцијално остварливи проекти од европски значење да се реализира во краток и среден рок – се наведува во заклучоците.

Напредокот кон воспоставување на банкарска унија придонесе за значително подобрување на финансиските услови на пазарот и според Советот – еластичен, добро надгледуван и регулиран европски банкарски систем ќе придонесе за поддршка на економското закрепнување. Па, во однос на ова, Европскиот совет го поздрави лансирањето на Единствениот надзорен механизам на 4-ти ноември 2014 година.

Европскиот совет е длабоко загрижен од продолжување на ширењето на вирусот Ебола во Западна Африка и зголемување на бројот на заразени луѓе кои умираат од овој вирус. Притоа, шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите ја пофалија работата на владите на погодените земји и на невладините организации во одговорот на овој досега невиден здравствен предизвик. Европскиот совет, исто така, ја изрази својата длабока благодарност за несебичната посветеност на здравствените работници во оваа криза и за нивната храброст и професионализам.

Во заклучоците се наведува дека здружување на силите со Обединетите нации, регионалните организации и други клучни партнери, Европската унија и нејзините земји-членки се во првите редови на меѓународните напори да се обезбеди одговор при вакви катастрофи во кои нудат клучни способности, како стручен кадар. Овозможени се мобилни лаборатории за справување со вирусот Ебола, центри за третман, воздушен и поморски транспорт, како дел од сеопфатниот одговор на ЕУ.

– Финансирањето од Европската унија и нејзините земји-членки сега достигна повеќе од 600 милиони евра. Последниот Советот за надворешни работи и средбата на министрите за здравство на ЕУ дополнително дефинираа акција на Унијата и Советот на Европа и повика на брзо спроведување на нивните заклучоци. А одржлив, координиран и зголемен одговор е потребен да се запрат тековните трендови. Дополнителна помош е потребна за да одговор, особено во однос на медицинската нега и опрема, како и засилено набљудување – се наведува во заклучокот.

Европскиот совет ги поздрави заложбите на земјите-членки да се зголеми финансиската помош, која ќе донесе вкупно финансирање од една милијарда евра за справување со Ебола-вирусот. Покрај тоа, земјите-членки презеле обврски за зголемување на распоредувањето на медицински и помошен персонал во регионот. Земјите-членки и Комисијата, исто така, се согласиле да се гарантира соодветна грижа за меѓународните здравствени работници во рамки на расположливите ресурси за да добијат третман, вклучително и преку медицинска евакуација.

Европскиот совет е длабоко загрижен поради тоа што вирусот Ебола продолжува да се шири во Западна Африка и поради зголемувањето на бројот на луѓето кои се заразени и кои умираат од него. Европскиот совет, исто така, ја изрази својата длабока благодарност за несебична посветеност на здравствените работници во оваа криза и за нивната храброст и професионализам.

Во однос на состојбата во Украина, Европскиот совет побара да се почитува прекинот на огнот и имплементацијата на мировниот договор постигнат во Минск на 5-ти септември, да се спроведе независна истрага за уривањето на авионот МХ17, руско почитување на украинските граници и барање од Русија да спречи навлегување на војска и оружје преку границите во Украина.

– ЕУ и земјите-членки остануваат посветени на барањето за политичко решение на кризата во Украина, како и на спроведувањето на рестриктивните мерки кон Руската Федерација, се до конечна и мирна разрешница на случувањата во Украина – се наведува во заклучокот на Советот.

ЕУ очекува и успешни парламентарни избори во оваа земја на 26-ти овој месец, но и во Република Молдавија, кои ќе се одржат на 30-ти ноември, со цел молдавската држава да остане посветена на европскиот пат. За Кипар, пак, Советот изрази загриженост за обновените тензии на Источното Средоземноморие и побара од Турција да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Кипар. А, како крајна одлука донесена на денешниот втор ден од Самитот на Европскиот совет е усвојувањето на Јадранско-јонската макростратегија.

Рано утринава, пак, шефовите на државите и Владите на земјите-членки на Европската унија се согласија за климатскиот и енергетски договор за Европа за периодот од 2020 до 2030 година. Според Ван Ромпуј, првите луѓе на 28-те ЕУ-земји немале лесна дискусија, но успеале да донесат фер одлука што ја става Европа на амбициозен, но ефективен климатски и енергетски пат. Тој посочи дека климатските промени се еден од најголемите предизвици на човештвото и на крајот на краиштата, ова прашање е за опстанок и е пример за долгорочна политика. А, за тоа зошто дури 16 години порано е постигнат овој договор, првиот човек на Советот рече на прес-конференција по синоќешното заседание на Самитот дека во климатските услови, 2021 година е почетокот на новиот период, што можеби не е утре, но тоа е задутре. Тој рече дека економските актери треба да бидат предвидливи на долгорочна рамка, да планираат инвестиции, да поттикнуваат иновацијата, да ги зајакнат истражувањата.

– Во март оваа година, ние го поставивме денешниот ден како краен рок и го сочувавме нашето ветување. Ние нудиме сигурност и денешната одлука ќе овозможи Европската унија да испрати позитивна порака до меѓународните климатски преговори, а тоа е порака на посветеност. И на конференцијата на Обединетите нации во Париз следниот декември, ние ќе го обликуваме светскиот поредок по 2020 година, барем во однос на климатските политика! – истакна Ван Ромпуј.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, додаде дека ова е навремена одлука во контекст кога повторно се размислува за пошироката енергија во Европа. Со кризата во Украина и превирањата на Блискиот Исток, според челникот на Комисијата во заминување, станало многу јасно колку е итно и од витално значење да се намали енергетската зависност на Европа и потребата да се изгради вистинска “Енергетска унија”. Па, иако голем дел од прашањата на овој договор бие технички високо комплексни, сепак договорот е постигнат и истиот е амбициозен и избалансиран.

Синоќа, формално, шефовите на државите и владите на земјите-членки на Унијата го усвоија и целокупниот, 28-член состав на новата Европска комисија предводена од Жан-Клод Јункер, што во средата беше изгласана со големо мнозинство од страна на Европскиот парламент. А, како што најави претседателот на Европскиот совет, денеска продолжува Самитот на Советот со прашањето за опасноста од ширењето на Ебола-вирусот, поставена највисоко на агендата.