ЕУ со критика за апсењето новинари во Турција

Турската полиција во неколку градови спроведе низа операции во кои се уапсени најмалку 25 новинари, телевизиски менаџери, продуценти и сценаристи. Апсењата уследија неколку дена откако се усвои новиот закон со кои на полицијата и’ се овозможува да апси осомничени кога постои „разумно сомневање“  дека сториле кривично дело, додека до сега било неопходно да се утврди дали осомничениот „над секое разумно сомнение“, сторил кривично дело.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан апсењата ги оценија како спротивни на европските вредности.

Уапсените се соочуваат со обвинување за закани, но и за формирање групи во обид да го освојат државниот суверенитет. Некои од уапсените се соочуваат и со обвинувања за клевета. Меѓу уапсените е и главниот уредник на весникот „Заман“ и шефот на телевизиската станица Саманиолу кои имаат врски со муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој му е жесток противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ѓулен живее во Соединетите држави.