Свет

ЕУ со осуда за бруталните мерки што ги применувала ЦИА

ЕУ со осуда за бруталните мерки што ги применувала ЦИА

Европската унија е сериозно загрижена поради извештајот дека американската разузнавачка служба ЦИА долги години применувала брутални мерки врз осомничени лица за тероризам, но истовремено му оддаде признание на претседателот  Барак Обама поради настојувањето да ја спречи таквата пракса, јавува МИА.

– Сериозно сме загрижени поради резултатите од истрагата на американскиот Сенат за малтретирањата, што е пракса која ЕУ остро ја осудува дури и кога се употребува во борбата против тероризмот, изјави портпаролката на Европската комисија, Кетрин Реј.

Таа истовремено го пофали Обама, кој ја иницираше истрагата за методите на ЦИА, поради напорите за спречување на тортурата.

Запрашана дали ЕУ ќе ја истражи улогата на некои европски земји кои тесно соработувале со САД и можеби им помагале во нехуманите методи, Реј негирала, тврдејќи дека тоа во извештајот не се споменува.