ЕУ создава нова европска гранична служба

Советот на ЕУ соопшти дека го одобрил предлогот на Европската комисија за оспособување на нова гранична служба на Унијата, која ќе го замени Фронтекс, објави МИА.

За да стапи на сила одлуката за создавање на новата структура, треба да биде поддржана од Европскиот пармалент и да мине низ уште една процедура на гласање од министрите на ЕУ.

Предлогот предвидува новата гранична служба да има овластување да извршува операции за потрага на мигранти кои нелегално влегле во регионот.

Службата ќе располага со 1.500 гранични службеници во одделни држави на ЕУ, подготвени за распоредување во многу кратки рокови.