ЕУ: Турција да не ги затвора границите за бегалците

Претставниците на Европска унија денеска ја потсетија Турција на нејзините меѓународни обврски да не ги затвора границите за бегалците, со оглед на тоа што илјадници луѓе вчера го напуштија сирискиот град Алепо. ЕУ претставниците предупредуваат дека до 20.000 Сиријци би можело да бидат запрени на турско-сириската граници при нивниот обид да влезат во Турција, пренесува МИА.

Женевската конвенција се уште важи и со неа е предвидено дека мора да се прифатат бегалците, изјави европскиот комесар за проширување Јоханес Хан пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки и земјите- кандидатки за членство во ЕУ, што се одржува во Амстердам.

Бегалски камп во Турција
Бегалски камп во Турција

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн изјави дека Европа „се соочува со многу реални изгледи за уште еден голем бран бегалци, како резултат на неселективното бомбардирање во околината на Алепо“.

Турција има примено над два милиона бегалци, а од ЕУ доби три милијарди евра помош за справување со бранот бегалци од Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.