ЕУ и Турција постигнаа договор за надминување на мигрантската криза

Договор за начините за надминување на мигрантската криза постигнаа учесниците на Самитот ЕУ-Турција посветен на миграцијата, што заврши синоќа во Брисел.

Како што пренесува МИА, на заедничката прес-конференција по завршувањето на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер и турскиот премиер Ахмет Давутоглу соопштија дека на средбата е утврден Акциски план за справување со проблемот со имигрантите.

Што ќе добие Турција ако го запре приливот на мигранти?

Со планот се предвидува Анкара да добие три милијарди евра за потребите на бегалците сместени во камповите во Турција, сума која би можело да биде дополнително зголемена ако за тоа има потреба. За возврат Турција се обврзува да го запре приливот на имигранти од нејзина територија кон Европа.

По завршувањето на средбата…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.