понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

ЕУ и Турција одобрија проекти за мигрантите во висина од една милијарда евра

132918476

Последни вести

Работните групи на Европска унија и на Турција денеска одобрија проекти во висина од една милијарда евра во рамките на преговорите за распределување на трите милијарди евра, договорени претходно меѓу ЕУ и Анкара наменети за миграциските прашања.

Денешните проекти се за поддршка на сириските бегалци сместени во турските кампови.

На денешната седница  Европската комисија позитивно ги оцени спроведените проекти, за кои минатиот месец беа издвоени 200 милиони евра.

Според договорот една милијарда евра ќе бидат обезбедени од буџетот на ЕУ, а другите дбе милијарди евра од европските држави до крајот на следната година. Досега 22 земји-членки на ЕУ изразија подготвеност да обезбедат вкупно 1,61 милијарди евра.

Најчитани вести