ЕУ утре ќе одлучува за судбината на Јужен тек

За судбината на гасоводот Јужен тек утре ќе се решава во Европската унија, најави словенечката премиерка, Аленка Братушек.

„Не можам да соопштам детали. Во четврток во Брисел ќе има соастанокт на европскиот комесар за Етингер со претставниците на сите земји кои потпишаа договор со Русија околу гасоводот. На тој состанок ќе бидат разгледани сите проблеми кои се појавија“, рекла Братушек.

Словенечката премиерка вчера во Москва имала средба со рускиот премиер Дмитриј Медведев за Јужен тек, односно за третиот енергетски договор на ЕУ кој што може да ја блокира работата на тој гасовод.