ЕУ воведе санкции за шестмина пратеници од руската Дума

Советот на ЕУ одлучи да вклучи во списокот на санкции против Русија шестмина пратеници од Државната дума.

Списокот со санкции се зголеми на 152 лица и 37 организации.

Пратениците, кои беа додадени на списокот со денешната одлука, биле избрани на изборите, кои се одржаа во Крим по анектирањето на полуостровот од страна на Русија.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имот и одземање на правото за патување во ЕУ.

Листата со санкции првично е изготвена во 2014 година, а нејзината важност е  продолжена до 15 март 2017 година.