ЕУ за изјавата на Рама: Политичкото мешање ги поткопува добрите односи во регионот

Портпаролката на високиот претставник на ЕУ, Маја Коцијанчиќ рече дека каков било облик на политичко мешање го нарушува „зајакнувањето на добрососедските односи“ во регионот. Таа исто така пред  Европската унија реагираше на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека не е исклучена унија на Албанија и Косово, па ни вооружените конфликти во Западен Балкан ако избледат изгледите за членство на регионот во ЕУ.

Маја Коцијанчиќ, портпаролка на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини за „Бета“ рече дека „регионот на Западен Балкан има јасна европска перспектива, како што неодамна потврди Европскиот совет“.

„Ние работиме со сите партнери во регионот за да се постигне оваа цел, врз основа на принципите на помирување и регионална соработка“, истакна Маја Коцијанчиќ во изјава за „Бета“ на молбата да го пренесе ставот на ЕУ во врска со изјавата на албанскиот премиер Рама за порталот „Политико“.

Портпаролката на Федерика Могерини додаде дека „било каква форма на политичко мешање го нарушува јакнењето на добрососедските односи“ во регионот.

Претходно, во врска со изјавата на албанскиот премиер, претставник во седиштето на НАТО во Брисел во изјава за новинската агенција„ Бета“ изрази „загриженост поради неодамнешното влошување на безбедносната ситуација“ во земјите од Западен Балкан и истакна дека „силно ги охрабрува лидерите во регионот да бидат на висина на нивните одговорности и да продолжат по патот на дијалог и помирување“.

Рама во вчера објавеното интервју за порталот „Политико“ рече дека не може да се исклучи унија на Албанија и Косово, ако не постои можност за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.