Еуфорија за Златна Бубамара на популарноста

Вообичаeно големиот интерес за Златна Бубамара на популарноста ги надминува сите очекувања, во изминатите 10 дена во Радио бубамара и МК тикетс, пристигнале преку 5000 резервации за купување билети, a за цената не се ни прашува.

Организаторот скромно го најави настанот, но очигледно дека и без реклама, обожавателите на добриот хумор, сатира и одлична музика, сакаат да бидат дел од големата забава со најпопуларните личности од Македонија, но и од Балканот.

Поради преголемиот интерес , организатор размислува шоуто да го префрли во поголема сала за да можат што повеќе луѓе заеднички да разменат позитивна енергија. Како што информира, за тоа прашање ќе се одлучи во наредните денови, кога билетите би биле пуштени во продажба.

Големото шоу веќе еден месец се подготвува интензивно во штабот на Бубамара, а сценариото и наградените, како и секоја година, се чуваат во најголема тајност.