Балкан

Еулекс денеска одлучува за притворот на Оливер Ивановиќ

Еулекс денеска одлучува за притворот на Оливер Ивановиќ

Портпаролката на Еулекс, Ирина Гудељевиќ, денеска рекла дека Апелациониот суд во текот на денот ќе донесе одлука по жалбата на адвокатот на Оливер Ивановиќ за одредувањето на едномесечниот притвор.

Таа додала дека не се проблем законските рокови бидејќи адвокатот на Ивановиќ жалбата ја поднел на 30-ти јануари.

„Обвинителот имаше 24 часа за изјаснување, а потоа 48 часа Апелациониот суд. Во меѓувреме, има два дена од викендот кога не се работеше“, рекла таа.

На прашањето дали медиумските шпекулации околу тоа за што точно се сомничи Ивановиќ и дека се кршат претпоставките за неговата невиност, Гудељевиќ рекла дека мисијата не може да влијае на медиумите.

„Ние не можеме да влијаеме на медиумите, но секој е невин додека не се покаже спротивното“, додала таа.