ТОП,Спорт

ЕУРО 2016: Домаќинот Франција и Романија го отвораат ЕП во фудбал

ЕУРО 2016: Домаќинот Франција и Романија го отвораат ЕП во фудбал
ЕУРО 2016: Домаќинот Франција и Романија го отвораат ЕП во фудбал
Со натпреварот меѓу домаќинот Франција и репрезентацијата на Романија, денеска ќе започне 15-то Европско фудбалско првенство кое ќе трае еден месец.

Натпреварите од ЕУРО 2016 ќе се играат во десет (10) стадиони и тоа во: Париз, Бордо, Ленс, Лил, Лион, Марсеј, Ница, Сент Дени. Сент Етијен и Тулуз.

Дваесет и четирите селекциите се поделени во шест  групи, од кои пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во групите.
Во групата А, покрај Франција и Романија се и репрезентациите на Швајцарија и дебитантот Албанија.
Англија е главен фаворит во Б групата во која се и Русија, Словачка и Велс.
Светскиот шампион Германија, заедно со Северна Ирска, Полска и Украина ја сочинуваат Ц групата, додека во Д групата покрај европскиот првак Шпанија се и селекциите на, Хрватска, Чешка и Турција.
Белгија и Италија се главните конкуренти за двете места кои носат пласман во втората фаза во Е конкуренцијата во која за противници ќе ги имаат и селекциите на Република Ирска и Шведска.
Во последната Ф група се: Португалија, Австрија, Унгарија и Исланд земја која за прв пат ќе игра на завршница на Европските првенства.

Ова е трет пат Франција да биде домаќин на ЕП по 1960-година и 1984-тата кога „триколорите’’ станаа и европски шампиони.