ЕУРО 2016: Германија и Полска го одиграа првиот дуел без голови

ЕУРО 2016: Германија и Полска го одиграа првиот дуел без голови
ЕУРО 2016: Германија и Полска го одиграа првиот дуел без голови
Репрезентациите на Германија и на Полска синоќа на „Стад Д‘Франс“ го одиграа првиот натпревар без голови на Европското првенство. Двете селекции сега имаат по четири бодови, откако во првото коло постигнаа победи.
На вториот натпревар од групата Ц Северна Ирска ја победи Украина со 2:0, па селекцијата на Украина ги загуби шансите за пласман во осминафиналето.
На првиот дуел од вчерашната програма Англија го победи Велс со 2:1 и обезбеди најмалку трето место во групата Б.
Денеска се играат три натпревари: Италија – Шведска (почеток 15 часот), Чешка – Хрватска (почеток 18 часот) и Шпанија – Турција (почеток 21 часот).